Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол бил во Скопје, Попова Шапка и Охрид за да ги разгледа можностите за инвестиции.

Како што рече денеска Николски, по посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати  на средината на април годинава од таму веќе доаѓаат инвеститори во Македонија и има доста можности и простор за соработка.

-Првпат ја отворивме  Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид. Мислам дека треба да се отвориме кон овој свет, има доста можности  и простор за соработка, рече Николоски.

Реклама

На средбата на Николоски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, како што објави тој претходно, биле отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори, транспортот и инфраструктурата, туризмот, земјоделството и енергетиката. Тој тогаш соопшти и дека договараат летови со Ер Арабија.

-Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со Флај Дубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот, изјави Николоски на 15 април годинава.