Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8

Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, истакна, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори.

„Охрид-Кичево до крај на следната година ќе го завршиме со крак до Струга, Требеништа – Ќафасан не можеме да го работиме поради забрана од УНЕСКО. Со ЕБОР ја работиме спојката Кичево – Букојчани од 11км. Таму очекувам во понеделник да излезе барањето за доставување финансиски понуди и рокот е до 10 октомври да стигнат понудите, а рокот на завршување е 3 години. Букојчани-Гостивар или популарната Стража, веќе многу интензивно ја работи Бехтел со тоа што таму спасивме 250 милиони евра на државата. Гостивар-Тетово го почнавме, тој реално се завршува брзо, но има многу население од двете страни и не сакаме да го закочиме сообраќајот туку ќе оди паралелно со Букојчани-Гостивар. Значи за три години отсега и тој би требало да се заврши. Тетово-Скопје има автопат, Скопје-Обиколница-Куманово има автопат, за експресен пат Куманово-Страцин сега бараме пари од ЕУ, а Страцин-Крива Паланка го пуштивме во јануари годинава, а во моментов работиме на целосна реконструкција на граничниот премин Деве Баир со Бугарија“, истакна Николоски.