Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Економија

Николоски: Ја амортизиравме кризата, нема никаков застој во снабдувањето со гориво

Со мерките што ги презеде Владата успеавме кризата да ја амортизираме онолку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мерките што ги презеде Владата успеавме кризата да ја амортизираме онолку колку што беше можно – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред средбата со стопанственциите од Пелагонискиот Регион за тековните и идните инфраструктурни проекти.

Николоски најави дека со стопанствениците од регионот ќе разговараат и за актуелните предизвици во состојба на економска криза, која, потенцира, се надевам оти ќе заврши бргу бидејќи доаѓаат позитивни вести за завршување на конфликтот на Блискиот Исток.

– Тоа е огромен предизвик со кој се справуваме. Како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментот има најевтино гориво во целиот регион и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со други држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така набавува гориво преку македонските снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амортизраме онолку колку што беше можно – рече Николоски.

Реклама

Како што појасни, за Скопје и за Охрид немаме проблем и повеќето од авиокомпаниите ги користат овие аеродроми за да полнат гориво за дестинациите што ги определуваат од скопскиот или охридскиот аеродром за да може да продолжат кон другите дестинации.

– Имаме зголемена потрошувачка на керозин на двата аеродрома, што е добро затоа што тоа влегува и во прометот во државата, влегуваат девизи, а дополнително и аеродромот во Приштина се снабдува преку нас. Ние никогаш не ставивме блокада на снабдувањето, иако други држави тоа го прават. Доколку го направевме тоа, ќе требаше да се затвори аеродромот во Приштина. Со самото тоа што го правиме ова, јасно е дека состојбата е добра. Во согласност со законот, треба да има резерви за шеесет дена, ние имаме резерви керозин за деведесет дена, а дополнително на дневна основа тоа се надополнува, така што снабдувањето оди редовно и затоа немаме ниеден откажан лет од скопскиот и од охридскиот аеродром – рече Николоски.

Дополнително, потенцира, имаме нови дестинации кои што се отвораат. Во летниот период почнува да се лета за Вроцлав и за Краков, како и редовната линија за Виена, а започна и линијата за Милано од охридскиот аеродром, додека од скопскиот имаме преку десет нови дестинации, така што состојбата е добра.

Клучни  проекти за развој на Пелагонискиот Регионот на кои што се работи,  како што наведе, се автопатот Прилеп-Битола, чија изградба се одвива со одлична динамика и по првите километри според ветувањето од изведувачот ќе се вози напролет следната година. Исто така и изградбата на делницата од Фариш до Прилеп, обиколницата за Битола на чие прокетирање веќе се работи и проектот за парно во оој град, како и гасификацијата помеѓу Прилеп и Битола. Со МЖ Инфаструктура, МЖ Транспорт, пак, информира дека, се работи во јуни да биде пуштен меѓуградски воз на релацијата Прилеп-Битола -Жабени со промотивна цена од 150 денари за повратна карта.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: