Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Независен синдикат за здравство: Добро е што ќе има вработувања, предност да имаат тие кои досега работеа со договор на дело

Докторите и сестрите, како и останатиот персонал кој работат по клиниките, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Докторите и сестрите, како и останатиот персонал кој работат по клиниките, но не се трајно вработени, стравуваат дека директорите може да ја искористат моќта и наместо да ги вработат нив, на огласите да си примат луѓе кои ним им одговараат. Синдикатот инсистира министерот Меџити да постави прецизни услови, а не да им го остави на директорите дискреционото право на кого да дадат решение.

“Има сомнеж кај нас и кај сите вработени кој што подолг работат дека нема да влезат тие луѓе туку некој други луѓе од надвор.Како што се случи во ГОБ 8 Септември, во болницата во Ресен, се има случено на клиниката за детска хирургија. Една молба до министерот, освен основните барања што ќе бидат за конкурсот, како диполома, лекарско, да има услов од над три или четири годишно вработување на овие луѓе” – вели Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

Меџити не беше конкретен дали некој од здравствените работници кои работеле и по повеќе од пет години со договор на дело ќе биде извисен. Но уверува дека менаџерите на болниците најдобро можат да проценат кој да добие трајно решение за работа.

Реклама

“Јас лично се залагам и денеска побарав од службите да ми поднесат листа на сите договор на дело низ цела држава во здравствените установи за да знаеме отприлика колкав е бројот.Дали ќе се случи некој пропуст ние не можеме да бидеме идеални.Не можеме на никого им забраниме да се пријави на конкурсот, но ќе настојуваме тие што се навистина квалитетни кадри, да можеме да ги задржиме” изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити, од јануари најави и нови дополнителни вработувања во здравството.

Инаку, предизборно власта спроведува акција за вработувања во низа инстиуции. Главниот фокус е на здравството,каде според последната одлука на владата трајно вработување ќе добијат 1.117 медицински и технички кадар.