Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Несоодветен лекарски третман е причината за смртта на 41 годишниот Ѓорги Томиќ, тврдат неговите родители

Несоодветен лекарски третман е причина за смртта на 41 годишниот Ѓорги Томиќ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Несоодветен лекарски третман е причина за смртта на 41 годишниот Ѓорги Томиќ, тврдат неговите родители. Скршени од болка раскажуваат за голготата што ја минал нивниот син во последните часови живот. Со дијагноза „акутна леукемија“ бил примен на Клиниката за хематологија и добил прва доза цитостатици по што нагло му се слошило, по неколку часа било утврдено крварење во мозокот и бил опериран на Неврохирургија по што западнал во кома од која никогаш не се разбудил.

„Во отпусното писмо пишува дека 1 часот по полноќ му се слошило на син ми, а тој имал цел ден маки…и дури го носеа како бегалец на компјутерска томографија и побараа од мене толкувач на снимката.Замислете немале ренгенолог. Мојот син седел три часа на Хематологија со излив на мозок и немало кој да го пренесе…јас со помош на доктор на раце го пренесовме на КАРИЛ“, вели Слободан Томиќ.

Родителите се надеваат дека нивната трагедија ќе биде поттик за коренити промени во здравствениот систем.Тоа што им се случило ним да не се повтори на ниту едно семејство.

Реклама

„Во 21 век нема професионалци, нема доктори сите си заминаа…нема одговорност никаква не сакам моето да биде безконечност меѓутоа барам одговорност од директорката и од министерот за здравство“, вели Томиќ.

Од Клиниката за Хематологија велат дека Томиќ бил лекуван според сите современи протоколи на ова малигно заболување.Сите медицински одлуки биле донесени врз основа на состојбата на пациентот, најдобрите достапни терапии и тековните препораки во областа на хематологијата.

„Кај пациентот, веднаш е поставена дијагноза хематолошка малигна болест – акутна леукемија со изразени и серозни нарушувања во крвната слика и хемостазата. Клиниката за хематологија е отворена и стои на располагање за надлежните институции, како и за најблиските за сите информации во однос на текот на третманот на пациентот и стоиме на располагање за разговор и средба со соодветниот медицински тим. Нашата цел е да обезбедиме транспарентност и поддршка за семејствата на пациентите во секој момент“ велат од клиниката за АлфаТВ.

Акутната леукемија е брзорастечка форма на рак на крвта и коскената срцевина. Ова заболување и во светски рамки е со висока смртност, а посебно во иницијалниот третман.