Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Непотребните операции на срце ја раздвижија стручната јавност – се бараат итни реформи

Сигнал за итни реформи во здравството. Ова го бараат упатените во оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сигнал за итни реформи во здравството. Ова го бараат упатените во оваа област откако прелиминарните резултати покажаа дека во 10 од 25 пријавени случаи, биле направени непотребни кардиохируршки операции и кардиолошки интервенции. Д-р Лили Дервишова вели дека овие случаи сериозно ја нарушуваат довербата во здравствениот систем. Таа смета дека треба да се направат силни резови во секторот. Тоа го покажувале скандалозните случаи на скопска Онкологија и последниов случај со кардиолошките операции. Според неа, пациентите заслужуваат да имаат здравствена заштита 24 часа близу местото на живеење, да не мораат да патуваат до Скопје за прегледи и интервенции кои можат да се извршат во другите градови и да не бидат предмет на манипулации од лекари кои ја злоупотребуваат дадената Хипократова заклетва. Особено е потребна голема финансиска анализа на секторот, за да се групираат правилно специјалностите по региони за поголема ефикасност. Самиот факт, според Дервишова што населението старее и има поголема потреба од лечење, бара од здравствениот систем подобра организација на работата.

Дигитализацијата, односно интегрираниот здравствен систем кој ќе ги регистрира прегледите и интервенциите и во јавното и во приватното здравство треба да реши дел од проблемите. Кога пациентот би имал единтвено здравствено досие секој лекар ќе има детален увид во здравствената состојба на пациентот и многу подобро би се поставила дијагноза и би се продолжило лечењето.

Интервентната комисија при Министерството за здравство работи од крајот на август кога беше формирана по обвинувањата на кардиохирургот д-р Сашко Кедев дека без потреба, а заради профит имало интервенции во приватното здравство. Комисијата одлучила 6 од 25 пријавени случаи да бидат препратени во Државнииот санитарен и здравствен инспекторат, бидејќи не биле во нивна надлежност. Од останатите 19, кај 10 било утврдено дека се непотребно упатени или непотребно оперирани. По прелимираниот извештај, следува втората фаза во која Комисијата заедно со експерти од странство ќе ја анализира работата на сите институции низ земјава кои вршат кардиоваскуларни интервенции. Засега не се откриваат називите на болниците во кои се направени непотребните стентирања и кардиолошки операции.