Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Прилози

Нема веќе самоволие: Драстично построги законски измени, нема да има веќе маневарски простор за обвинителите

Две негативни оценки за една година ќе стане основ за рaзрешување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две негативни оценки за една година ќе стане основ за рaзрешување на обвинител. Новиот закон за Jавно обвинителство кој го поминува владиниот филтер драстично го стеснува маневарскиот простор за обвинителите. Ако досега беа потребни најмалку осум години за разрешување по првата негативна оценка, новото законско решение е многу поригорозно.

Со актуелниот закон од првата негативна оценка, за евентуално разрешување треба да поминат најмалку осум години, односно обвинителот треба да добие три последователни негативни оценки, а оценувањето се врши на четири години.

Со измените – оценување сега ќе има на секои три години, но оној кој ќе добие негативна оценка по 12 месеци повторно ќе биде тестиран, а евентуалниот втор минус ќе биде основ за разрешување, велат од Министерството за правда.

Реклама

-Суштинска промена е во однос на оценувањето за сите јавни обвинители. За разлика досегашниот закон каде што оценувањето е на четири години и потребни се три негативни оценки за да биде разрешен обвинител. Сега ќе има на секои три години редовно оценување и ако јавниот обвинител добие негативна оценка, за една година има вонредно оценување и ако повторно е негативна оценката, тоа ќе биде основ за негово разрешување, велат од Мнистерството за правда.

Во пакетот реформи е и Законот за Совет на јавни обвинители кој вчера беше изгласан во Собранието. Со новото законско решение, сега се прават промени во делот на дисциплинската постапка, која ќе биде и основ за разрешување на претседателот на Советот.

-Сега кај дисциплинските постапки буквално ќе постои градација, полесни, потешки, најтешки. Само најтешките би биле основ за разрешување. Досега постапките по дисциплински пријави не биле јавни, сега новина е што тие постапки ќе се со јавноста, ќе бидат и основа за разрешување на претседателот на Судски Совет, што досега не беше случај, велат од Министерство за правда.

Во Законот за јавно обвинителство нема да има промени во однос на изборот на републички јавен обвинител, бидејќи за тоа е потребно отворање на Уставот. Инаку, пред два и пол месеца двата предлог закони добија позитивни оценки од Венецијанската комисија.

Матеја Петровски