Реклама
Македонија

Нема уставни измени, нема преговори, нема проширување – ЕУ во замена нуди морков за европеизирање

Кога нема ништо друго на мени, повторно нови милионски суми ветени за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога нема ништо друго на мени, повторно нови милионски суми ветени за Балканот и Македонија од Европската унија. Сега нудат цели 6 милијарди евра, за да шестроката од Балканот се европеизирала пред евентуланиот влез во ЕУ, кој никој не може да каже кога ќе биде. Колку овие пари се бенефит, говори фактот што само досега во Македонија се слеале над 810 милиони евра и над 1850 проекти за реформи, но резултати нула. По сумите во долари кои што ни ги изброија американската амбасада, холандските но и британските дипломати во Македонија, со многу нули се цифрите на Европската унија за реформи во секторите кои се најболни за македонското општество: демократија и владеење на правото, за иновативност, за земјоделие и образование. Не помалку пари се вложиле и за заштита на животната средина и климата но и за транспорт.  

Според севкупната досегашна статистика, на национално ниво, за оваа цел досега се искористени 812.457.807,62 евра за 1855 проекти и тоа:

за Демократија и добро владеење 121.301.463,00 € за 332 проекти;

Реклама

 за Владеење на правото и основни права 85.300.849,00 € за104 проекти;

за Конкурентност и иновативност 102.834.027,00 € за 163 проекти;

за Земјоделство и рурален развој 60.571.555,00 € за 188 проекти;

 за Образование, вработување и социјални политики 97.265.366,00 € за 922 проекти;

за Заштита на животна средина и климатска акција 122.181.575,00 € за 92 проекти и

за Транспорт 223.002.970,00 € за 54 проекти.“

Пари се инвестирале но учениците се без учебници втора година, македонските градови високо котираат на листите на најзагадени, земјоделците незадоволни протестираат и блокираат патишта, нема доверба во правосудството…

Парите вложени, но резултат нема. Нема ниту да ги има се додека политичка волја е еднаква на нула.

  • Нема систем Европската комисија, кој ќе овозможи сериозна контрола на истрошените пари, тоа е клучната работа. Не е дека нема Р.М. администрација која ќе може да се носи со реформите во било кој сегмент, но проблемот е што отсуствува политичка волја. Во разговор со еден дипломат, реторичко е вели прашањето дали чашата е до половина полна или до половина празна. А јас мислам дека проблемот во Македонија е тоа што нашата часа нема дно. Се вложуваат пари, а граѓаните нема да почуствуваат бенефити“ вели Воислав Зафировски, поранешен антикорупционер.

Јавноста е свесна каде и како завршуваат парите наменети за проекти и реформи, а граѓаните најмалку чуствуваат бенефит од големите пари за кои меѓународната заедница бара отчет. Политичките елити мора да разберат дека реформите треба да го спроведе за граѓаните на Македонија, а не за Брисел. Па одтука оценката на Еди Рама е дека ЕУ фрла трошки е на место – 130 евра по жител за Балканот а 400 за земјите членки.

  • Европските пари најчесто се трошат од страна на експертите на ЕУ за нивни потреби. Ако видите кој е износот кој вистински доаѓа, до граѓаните е навистина помала од таа што се промовира ЕУ. И тука Еди Рама е во право. Но пак ќе речам, мора политичарите да се свесни дека реформите не ги правиме поради Брисел туку поради заради сами нас. И затоа наместо да се бафтиме со германски, француски не знам каков предлог, најдобро е да си го средиме сопствениот двор…“ вели Воислав Зафировски, поранешен антикорупционер.

Отчет за вложените пари за да се реформира гнилоста во македонскиот систем, отчет побара и европските претсетавници.