Реклама
Македонија

Нема министерт плус за Вреди – еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер

Вреди како дел од владината коалиција останува со шест министерски места –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вреди како дел од владината коалиција останува со шест министерски места – нема да добие нов ресор, а еден човек ќе биде и вицепремиер и министер. Претседателот на Владата во понеделник ќе ги достави предлог имињата во законодавниот дом. Според премиерот Христијан Мицкоски, владата постигнала договор за испразнетите ресори поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир. Имињата се начелно оние кои кружат во јавноста, рече Мицкоски, но во понеделник ќе се знаат и официјално.

  • Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, рече Мицкоски.

Според договорите кои паднале во коалицијата Вреди, засега неофијални, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина и Башким Бакиу нов министер за здравство на местото на Азир Алиу кој пак, ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации. Досегашниот министер за евроинтеграции, Орхан Муртезани се шпекулира дека ќе замине како амбасадор во Брисел.

Ако премиерот ги потврди предлозите на владиниот партнер,  имињата на новите  министри идната недела влегуваат во собраниска процедура. Персоналните министерски промени не значи дека напролет ќе има предвремени парламетнарни избори. Мицкоски е дециден дека идната година ќе биде предизвикувачка бидејќи владата ќе треба да затвора дупки во буџетот отворени во минатото, проблеми што техничка влада не би можела да ги надмине. На ВМРО-ДПМНЕ би му одговарало на пролет да има предвремени парламентарни избори, но како што вели Мицксоки, државните интереси се пред се.  

Реклама
  • Кога би размислувал политички, и теснопартиски, во наш интерес е на пролет да имаме предвремени парламентарни избори. Но, ние сакаме да размислуваме државнички и во таа насока и да се однесуваме. Интересот на граѓаните е подобра економија, подобри услови за живот и во рамките на можностите со коишто располагаме, се трудиме тоа да го сработиме. Така што, некогаш успеваме, некогаш не успеваме, таков животот. Еве, ќе се задржам на онаа реплика што некогаш ја користам, во политиката никогаш не вели никогаш, но шансите за такво нешто се многу мали“, рече Мицкоски.

Од избори јасно е дека во јануари ќе има локални – во четирите општини каде не се постигна цензус за избор на локална власт. Со сигурност ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од изборите, но дали ќе настапи со заеднички кандидати со партиите од владината коалиција се уште не е дефинирано.