Реклама
Прилози

🎥 Нема кој да работи во угостителството, мизерните услови за работа ги избркаа квалификуваните

Охрид треба час поскоро да се соочи со дефицитот на кадри во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид треба час поскоро да се соочи со дефицитот на кадри во угостителството и ова лето келнери и готвачи нема ни за лек. Низ годините туристичкиот сектор кај нас се покажа дека е прилично нестабилен,бидејќи секој мисли дека може да има хотел или ресторан, а некој да му аргатува за без пари.Поради тоа, голем дел од младите својот работен капацитет го продаваат на пазарите во регионов,највеќе во Хрватска.Меѓу 15.000 македонски граѓани кои ова лето заминаа е и Игор Пешевски.Тој работи како готвач во еден хотел во Задар.За разлика од кај нас,Хрватска вели нуди плати повисоки од 1000 евра месечно,но и други бенефиции за сите кои се подготвени да ги покажат своите кулинарски вештини.

 И условите за работа кај нас се доста мизерни за да се остане да се работи. Посебно работодавците кои не осигуруваат и гледаат да фатат некоја кривина, за да скратат некој трошок. Тоа е разочарувачки за нас младите.Јас сум угостител со факултет а сепак не се гледам да работам во Македонија. Се надевам дека таа ситуација ќе се промени и нашите угостители ќе сфатат дека ние имаме навистина квалитетен кадар за работа“- вели Игор Пешевски,угостител

Сопствениците на хотелско-угостителските објекти кои очекуваа улогата на келнери и кувари да им ја доверат на странци,извисија. Долгоочекуваниот персонал од Јужна и Југоисточна Азија,е малуброени сега во безизлез недостатокот на работна сила го пополнуваат ангажирајќи претежно ученици и студенти.

Реклама

Работна снага многу тешко се наоѓа и тие што ги наоѓаме треба да ги научиме, необучени се често и слабо работат,треба по пропис не може, има стандарди за работење во хотел.Не може да се работи како било.Значи акутен проблем број еден во Охрид за туризмот е работната снага,било собарици, било келнери-вели Даница Бачева ,хотелиер

Хотелиерите имаат потреба од илјадници вработувања и принудени се да импровизираат со неквалификуван кадар.

Како нема интерес, секој ден имаме побарувања за келнери, шанкери, Охрид како угостителски град се соочува со вакви проблеми меѓутоа за жал младите некако го напуштаат Охрид и одат во други држави.Има многу побарувања од различни работодавци од различни хотели.Има од сите земји, веројатно можат да надоместат одреден дел но сепак домашната работа сила си е клучна, но за жал ја нема”-вели Мирјана Влаоска-Агенција за вработување

Во секорот туризам во Македонија беа вработени околу 25.000 луѓе,но повеќето од нив заминаа на работа во странство бидејќи се соочуваа со ниски плати, неисплатени часови прекувремена работа, нивниот труд не се вреднуваше.Туризмот има суштинска улога во економскиот развој, затоа треба да се направи квалитетно јадро кое ќе создаде успешна гастронска и угостителска приказна,велат туризмолозите.