Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Нема договор за паркингот на Клинички – синдикатот бара итна средба со министерот Алиу

Се уште не е потпишан договорот помеѓу Министерството за здравство и градски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште не е потпишан договорот помеѓу Министерството за здравство и градски пакринг Скопје за “паметен” паркинг на Клинички. Директорот на претпријатието во телефонски разговор за Алфа, не кажа детали околу договорот колку би била цената и до кога би се реализирал проектот со нови рампи и нови паркинг места.

Од Синдикатот на Клинички пак, бараат итна средба со министерот Алиу. Па потоа ќе се изјансат, дали идејата за менување на ценовникот за паркирање и целосна негова дигитализација ќе бидат прифатливи за вработените во комплексот клиники.

“Бараме итна средба во понеделник со министерот Азир Алиу. Според наши информации, не било дообјаснето во целсот како ќе функционира паркингот.После состанокот ќе го кажеме нашиот став како Синдикат на Клинички” – велат од Синдикатот на Клинички.

Реклама

Цената за паркирање на скопските клиники најверојатно ќе поскапи, но пациентите ќе плаќаат помалку од вработените – таков е планот на Министерот за здравство. Азир Алиу најави каскаден систем со цени различни за сите кои влегуваат во кампусот Мајка Тереза.

Според новиот проект, се предвидува да не се градат нови две катни гаражи, а да се реорганизира дворот на кругот околу клиниките со што би се добиле двојно повеќе паркинг места.

Ќе има нови рампи, а ќе бидат отворени и дополнителни влезови еден од нив ќе биде директниот влез на Кардиологија. Излезите од комплексот ќе бидат исти.

Досега, како краткорочна мерка на министерот Алиу која се презентираше пред два месеци беше пренасочувањето на вработени од клиниките да паркираат на приватен паркинг за да бидат ослободени 300 до 500 места за пациенти. Долгорочната идеја засега е оптимизација на просторот околу дворот на Клиниките.

Со години наназад на скопските клиники е вистински сообраќаен хаос и болни со часови бараат слободен паркинг наместо да чекаат пред амбуланта.