Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Нека му е со среќа: Одговор на Мицкоски за најавата на Снопче дека ја напушта Владата заради бранителите

Нека му е со среќа, му порача премиерот Христијан Мицкоски на потпретседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нека му е со среќа, му порача премиерот Христијан Мицкоски на потпретседателот на Вреди, Халил Снопче кој синоќа се закани дека доколку се изгласа Законот за бранители ќе ја напуштат владината коалиција. Мицкоски е дециден дека не функционира под притисок и закани. За пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска рече дека жали што таа не ја разбира собраниската процедура, а го повика претседателот на Собранието Африм Гаши веднаш да свика седница.

Инаку, Законот е поднесен уште пред две недели, а пратениците на СДСМ, кои го воскреснаа, како да пропаднаа во земја. По две седмици молк денеска се одважи пратеничката Славјанка Петровска. Таа упати серија обвинувања кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ велејќи дека немаат капацитет да обезбедат услови за да се изгласа овој закон. Според неа Законот за бранители не е провокација ниту обид за дестабилизација туку допрецизирање на одредбите за остварување на правата на семејствата на бранителите.

Реклама

Имено, кројач на законот е претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов. Порнешната министерка и актуелна пратеничка Славјанка Петровска се пофали дека законот е направен во нејзиниот кабинет заедно со предлагачот Ангелов. Нејасно е зошто овој закон досега не е донесен, кога во тоа време СДСМ имаа мнозинство во Собранието.

Овој закон не се однесува само на припадниците на безбедносните сили кои учествуваа во воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес и на Македонија.

Инаку премиерот Мицкоски во контекс на овој закон, исто така му посака среќа и на лидерот на Али Ахмети кој вчера се закани со протести доколку се изгласа законот.