Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Недела на сестринството – министерот Алиу најавува поддршка за медицинските сестри и акушерки

Медицинските сестри, кои се главниот столб во здравствениот систем, по повод „Неделата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинските сестри, кои се главниот столб во здравствениот систем, по повод „Неделата на сестринството“ бараат да бидат повидливи, да се реши нивниот работен статус, недостигот од кадар и да има повисоки плати. Надлежните институции велат дека веќе е започнато решавањето на проблемите со покачувањето, кое се случува за прв пат по 2024 година, но и решавањето на нивниот работен однос. Со решавањето на овие проблеми ќе се подобри и негата на пациентите. Од Националното здружение на медицински сестри посочуваат дека главниот проблем за одливот на овој кадар е недостигот на светско ниво.

„Столбот се медицинските сестри, значи не може да биде без нив. Мора тие да бидат препознаени во легислативата, во законот, за да можат да имаат свои компетенции и да не бидат сервис-служба, туку со свои точно утврдени ингеренции и задачи. Мора да се развива дигитализацијата, да се осовременуваат, мора да има документација, мора да се бават со истражување за да можат да ги потенцираат барањата кои се неопходни, потребите на пациентите“, изјави Велка Гавровска Лукиќ, претседател на Националното здружение на медицински сестри

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека, според базата на податоци, тие се свесни за недостатокот од кадар и затоа веќе се работи на сите проблеми заедно со работните групи на Министерството и синдикатот.

Реклама

„Дефиниравме динамика на покачување на платите и во наредните години, но тука исто така влегува и законската дефиниција на тоа што значи медицинска сестра, како делуваат во здравствениот систем. За жал, досега тоа не е направено и работиме интензивно со стручни лица да се најде решение, како овој профил, што ни е јадро, што ни е битен, да може да биде дел од законските одредби на Министерството за здравство“, изјави Азир Алиу, министер за здравство

Договорите на дело веќе се елиминираат и почнува да се решава работниот статус на медицинските сестри, посочува директорот на Фондот, Клековски.

„Медицинските сестри добија, во договор со синдикатите, посебен дел бидејќи беа линеарни зголемувања, со што се овозможи послабо платените медицински сестри, вклучувајќи ги и тие надвор од Скопје, и генерално медицинските сестри, да добијат значително зголемување кое во одредени случаи оди до 30 проценти номинално или околу 15 проценти реален раст, ако го одбиеме растот на инфлацијата во овој период“, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство

Инаку, најголем недостиг има на сестри-акушерки на примарно ниво, а за да се зголеми бројот потребни се сестри со високо образование, кои се во мал број кај нас. Неделата на сестринството е одбележана со низа настани и тематски дискусии. На светско ниво недостасуваат 350 илјади сестри.