Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Не молчи, пријави, За праведна иднина!

За жал, нашата земја се најде на 88 место според Индексот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За жал, нашата земја се најде на 88 место според Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл за 2024 година , со пад од 12 места и 2 поени помалку од претходната година. Ова е алармантен сигнал дека корупцијата продолжува да го кочи развојот, да ја разградува правната држава и да ја нарушува довербата меѓу граѓаните и институциите во нашата земја.

Несомнено, корупцијата не е само проблем на институциите, таа е реалност со која барем еднаш се соочил секој од нас, во секоја сфера на животот. Го краде нашиот потенцијал, ги нарушува шансите за чесен развој и ги понижува вредностите на правдата и еднаквоста, кои се основа на секое демократско општество.

Но, факт е дека корупцијата не е непобедлива. Многу земји ширум светот, со упорност и храброст, докажаа дека може да се направи вистинска и долготрајна промена. Со солидарност и граѓанска одговорност и ние може да изградиме општество каде правдата и транспарентноста ќе бидат неприкосновени.

Реклама

Зошто да не ја создадеме таа промена и кај нас? Секој од нас има моќ да направи разлика – со својот глас, со својата храброст, со одлуката да не молчи.

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која се спроведува преку проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ и е во блиска соработка со Министерството за внатрешни работи е токму директен повик до сите граѓани да ги прекршат ѕидовите на молкот и стравот. Таа ги охрабрува сите да ја пријавуваат корупцијата без страв од евентуални последици, бидејќи пријавувањето не е само граѓанска должност, тоа е лична победа над неправдата и јасна порака дека нема да дозволиме нашето општество да биде заробено од врски и мито.

Клучот за враќање на довербата во институциите и за изградба на праведно и чесно општество е во твои, мои, наши раце. Зошто да молчиме и да се плашиме да застанеме зад вистината? Во време кога секој глас има значење, нашиот заеднички чин на храброст е почеток на вистинската промена.

Не чекај. Направи го првиот чекор – пријави. За себе, за своето семејство, за иднината што сите ја заслужуваме. Заеднички да ја промовираме чесноста и вербата дека иднината може да биде подобра, почесна и праведна.

Не молчи, пријави за праведна иднина! Ајде „0% корупција“ да направиме да е вистина!