Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Наумовски: Извештајот на ЕП е успех за македoнската дипломатија, a Бугарија откри дека ќе има нови и нови барања

Добра работа и успех на македонската дипломатија, вака универзитетскиот професор, екс амбасадор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добра работа и успех на македонската дипломатија, вака универзитетскиот професор, екс амбасадор во САД и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски го толкува актот со Извештајот за напредокот на Македонија во ЕП, кој ја мина првата пречка во Комитетот за надворешни работи со 40 гласа ЗА и 19 гласа ПРОТИВ.

Запрашан околу опозицискиот патетичен наратив и дали гласањето на Извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент може воопшто да се нарече „пораз“ или „шлаканица“, Наумовски е дециден:

-Напротив, не сметам дека ова е некаква „шлаканица“, туку е една добра работа за нас, затоа што ние успејавме – иако не сме дел до Европската Унија и немаме европратеници, за разлика од Бугарија која што е долги години таму и има свои европратеници и воспоставени свои односи со останатите делегации на државите членки, успејавме да ги претставиме нашите аргументи, пред се затоа што тие аргументи се аргументи засновани на реалноста. Иако е апсурно ние во 21-от век во 2025-та година да разговараме за постоењето или непостоењето на различни идентитети или јазици, сепак, имајќи ги соседите такви какви што ги имаме, принудени сме да ги презентираме аргументите кои што за сите други држави во Европа, за членките на ЕУ и за кандидатите се нешто што не се оспорува. Отаму сметам дека ова е еден успех на нашата дипломатија,а останува да видме како ќе се одвива понатаму, борбата продолжува, вели Наумовски во „За или против“.

Реклама

-Доаѓаме до еден момент во кој гледаме дека соседна Бугарија во суштина, противејќи се на оваа формулација дека постои македонски јазик и идентитет, односно обидувајќи се да го сведе на некоја „модерна“ варијанта и обидувајќи се да покаже дека македонскиот јазик е нешто релативно ново, современо и не постоело во минатото, во суштина ги открива своите аргументи дека дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот тие ќе имаат некакви нови и нови барања. Така што оној ентузијазам што позтои кај нас за влез во Еу е судрен со Бугарија и можеби и некои други членки на ЕУ кои ќе поставуваат нови барања со кои ќе се обидат да ја блокираат нашата евроинтеграција, потенцира проф. д-р Наумовски во ТВ Алфа.