Реклама
Македонија

Наумовски: Гласањето во ЕП за извештајот за Македонија ќе биде тест за Европска Унија

Дебатата во Европскиот парламент, за извештајот за Македонија и конечната одлука, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебатата во Европскиот парламент, за извештајот за Македонија и конечната одлука, ќе биде тест за институциите на ЕУ колку се почитуваат вистинските европски вредности. Експертите очекуваат конструктивност од европратениците за извештајот во кој се признати македонскиот идентитет и јазик. Ако бугарските европратеници опстојат на овие обиди за негирање на идентитетот, со амандамните кои ги поднесоа во текстот да стои „сегашен идентитет“ – ќе се покаже дека уставните измени не се единственото барање на Бугарија туку нејзината цел е друга.

Конечната одлука ќе биде еден тест за ЕП и почитување на вистинските европски вредности, знаејќи дека самото постоење на ЕУ е засновано на вредности на почитување на посебноста и идентитетот на сите народи. Во конкретниот случај имаме држава кандидат – Македонија која помина многу препреки и веројатно така ќе биде и во текот на преговорите. Во извештајот се споменува постоењето на македонскиот идентитет и наместо сите земји да го поддржат тоа, ние сме сведоци дека бугарските европратеници сакаат да го негираат она што постои и што одамна е јасно. Ова ќе биде и еден показател дали Бугарија ќе остане на тоа дека уставните измени се последното нешто што го бараат од нас. И ако е така, тогаш не би било логично тие ова да го негираат. Ако европратениците опстанат на овие обиди за негирање на македонскиот идентитет и јазик ќе биде своевидно разголување на реториката на Бугарија дека уставните измени не се единственото нешто што тие го бараат, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски.

За разлика од гласањето во Советот на Унијата каде е потребен консензус од сите земји членки, во Европскиот Парламент пристапот е поинаков – ако бугарските европратеници не најдат свои сојузници за да го нарушат мнозинството, тогаш Извешајот ќе биде изгласан без проблем.

Реклама

Колку и да протестираат бугарските пратеници ако не најдат свои сојузници да го нарушат потребното мнозинство, тогаш оваа резолуција ќе биде усвоена. Тука ќе излезат на виделина можностите за градењето на коалиции внатре во ЕП и умешноста на нашата дипломатија. Ние не сме членка немаме свои европратеници, но сметам дека мнозинството пратеници ќе останат доследни на оние вистински европски вредности, додава Наумовски.

Извештајот за Македонија подготвен од известувачот Томас Вајц треба да се гласа во Комитетот за надворешни работи на ЕП на 24-ти јуни. Еднаш веќе беше одложен откако бугарските европратеници кренаа тензии околу спомнувањето формулации „ македонски идентитет“ и „македонски јазик“, а бараа и истрага за начинот на кој до Македонија наводно протекле нацрт текстови и детали од извештајот.

Во документот, меѓудругото, се потсетува на потребата, Македонија да го искористи моментот за да продолжи со евроинтегративниот процес и се забележува дека земјава продолжува да покажува посветеност на патот кон ЕУ и усогласеноста со политиките на блокот.