Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Научно-стручна конференција за психофизичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции во државата

Факултетот за безбедност – Скопје, денеска, во Клубот на пратениците, организира научно-стручна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за безбедност – Скопје, денеска, во Клубот на пратениците, организира научно-стручна конференција на тема „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“.

Како што е најавено, на отворањето ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ректорот ан Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Игор Неделковски, деканот на Факултетот за безбедност, Јонче Ивановски, и професори од Факултетот. 

Теми на конференцијата се „Професионалниот стрес и психолошка подршка на припадниците на безбедносните служби“, „Научни пристапи во процена и развој на физичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции“, „Психофизичка подготвеност – од формалност до стандард на извонредност“, „Имплементација на научно засновани тренажни методологии во системот за обука на питомци“, „Состојбите во меѓународните полициски спортски организации и националните системи за физичка подготовка и спорт, основа за развој на нов систем за физичка подготовка и спорт во Министерството за внатрешни работи на Македонија“ и  „Влијание на менталната обука врз стресот и донесувањето одлуки за употреба на огнено оружје кај полициските службеници“.