Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Научниците создадоа „молекуларно лепило“ што ги уништува штетните протеини – нови патишта во лекувањето сериозни болести

Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување.

Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога во развојот на одредени малигни процеси. Во лабораториски услови, размножувањето на клетките на акутна миелоидна леукемија беше запрено, а ефектот беше забележан и кај глувци со пресаден човечки тумор. Сепак, значењето на истражувањето не е само во можниот третман на еден вид рак. Научниците веруваат дека овој пристап може да го прошири бројот на протеини што би можеле да бидат дел од лековите во иднина.

Зошто е ова важно? Конвенционалните лекови главно функционираат со врзување за специфичен дел од протеинот и блокирање на неговата функција. Проблемот се јавува кога протеинот нема соодветно место за врзување со лекот.

Реклама

Молекуларните лепила работат поинаку. Тие не мора директно да блокираат штетниот протеин, туку го доближуваат до друг систем во клетката што го означува за уништување.

Клетките користат процес познат како убиквитинација за да ги обележат оштетените или непотребните протеини. Овие протеини потоа завршуваат во протеазомот – еден вид систем за разградување на клеточниот отпад. Токму ова е механизмот што го користат молекуларните лепила.

Според проф. д-р Бојан Полиќ од Медицинскиот факултет при Универзитет на Риека во Хрватска, целната деградација на протеините се развива како потенцијално моќен пристап во третманот на малигни и други болести. Тој објаснува дека се истражуваат два главни пристапа – eдниот користи молекули коишто истовремено го препознаваат целниот протеин и системот што го означува за деградација, додека другиот користи прецизно молекуларни лепила.

Тоа би можело да значи нова генерација лекови, иако вакви молекули се пронајдени во повеќе наврати. Последниве години, развиени се методи што овозможуваат нивно планирано пронаоѓање и тестирање.

Постојат и истражувања каде што молекуларните лепила не го уништуваат протеинот, туку ја менуваат неговата функција. Така, протеинот што му помага на туморот да преживее би можел да се претвори во поттикнувач на процесот што води до смрт на малигните клетки.

Иако резултатите изгледаат ветувачки, сè уште има долг пат пред да може да се примени кај луѓе. Новите молекули мора да поминат дополнителни лабораториски тестирања, проверки на безбедноста и клинички испитувања. Потребно е да се одреди соодветната доза, можните несакани ефекти и начинот на којшто молекулата делува во човечкото тело.

Исто така, постои ризик молекуларното лепило да ги врзе погрешните протеини или да отстрани протеин што им е потребен на здравите клетки. Затоа научниците нагласуваат дека овој метод сè уште не е лек за неизлечиви болести. Сепак, истражувањата покажуваат дека бројот на протеини што можат да бидат таргетирани од идните можни терапии може да биде многу поголем отколку што се сметаше претходно досега.