Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Научна презентација на истражување за слабите резултати на меѓународните тестирања

Во Институтот за социолошки и политички истражувања денеска ќе се одржи Научна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Институтот за социолошки и политички истражувања денеска ќе се одржи Научна презентација на резултати од истражување посветено на факторите кои влијаат врз слабите резултати на учениците од основното образование на меѓународните тестирања, според методот читање со разбирање.

Како што соопшти Институтот, главната цел на истражувањето беше да се изврши мерење на повеќе фактори за тоа зошто децата од основните училишта во земјава имаат слаби резултати на меѓународните тестирања.

Истражувањето било спроведено во март/април 2025 година, во 10 училишта, во две скопски општини, на примерок од 1288 деца, 703 од 4 одделение и 585 од 8 одделение. Примерокот бил намерен и биле тестирани сите присутни деца од 4 и 8 одделение. Била направена симулација слична со меѓународните тестирања, а биле тестирани повеќе независни варијабли.

Реклама

-Во истражувањето се обидовме да ги испитаме начините на кои децата читаат, разбираат и одговараат на прашања, но и даваат свои ставови и мислења, поврзани со одредена тема и за конкретен општествен проблем. Се надеваме дека со сознанијата и резултатите од проектот, ќе придонесеме за посуштинско разбирање на предизвиците и ефектите од основното образование во државата, стои во соопштението на Институтот.

Истражувањето го спроведе тим од ИСППИ – проф. д-р Петар Атанасов (раководител), м-р Љуан Имери, Сафет Балажи и доц. д-р Јован Близнаковски.