Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Македонија и врховен командант на АРМ“ во вторник во Скопје

Научна и стручна конференција насловена „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Научна и стручна конференција насловена „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Македонија и врховен командант на АРМ“ ќе се одржи во вторник (10 февруари) на Филозофскиот факултет во Скопје.

– И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има за цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата. Конференцијата има за цел да ја продолжи дебатата за атентатот што ја потресе Македонија и остави трајни последици врз нејзиниот политички и безбедносен развој, информира Инцијативниот одбор во состав проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Гроздан Цветковски и проф. д-р Зоран Јовановски, полковник на АРМ.

Конференцијата би требало да одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања.

Реклама

На конференцијата најавено е учество на универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници од претходната конференција „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ad acta“, што се одржа во Скопје на 30 септември 2010 година.

Од Иницијативниот одбор потсетуваат дека атентатот беше дочекан со огромно изненадување во домашната и меѓународната јавност, имајќи го предвид угледот на претседателот Киро Глигоров и неговата клучна улога во конституирањето и меѓународното признавање на Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 година.