Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Наталитетот во слободен пад, превенцијата останува клучна

Алармантен пад на наталитетот во Македонија во изминатата деценија. Ако пред десетина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алармантен пад на наталитетот во Македонија во изминатата деценија. Ако пред десетина години во земјава се раѓале повеќе од 23 илјади деца годишно, денес таа бројка паднала на само 16.000 новороденчиња. Тоа значи дека секоја година се раѓаат илјадници деца помалку – предупредуваат гинеколозите. Според нив, падот на наталитетот не е единствениот проблем. Тие алармираат дека потребни се итни мерки за подобрување на женското репродуктивно и семејно здравје во Македонија. Лекарите велат дека жените често доаѓаат на контроли предоцна, а многу семејства немаат ниту основна медицинска едукација

„Ако се навратиме на една деценија порано, кога бројот на новороденчиња беше околу 23.000, може да видиме дека имаме значителен пад од 30% за овие 10 години. Тоа за нас треба да претставува еден аларм, којшто не е само бројка, не само статистика, којшто ќе нѐ наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.” вели д-р Елена Џикова, гинеколог.

Гинеколозите бараат жените во Македонија да добијат побрз, полесен и поефикасен пристап до дијагноза и лекување, особено кога станува збор за карцином и сериозни гинеколошки состојби.

Реклама

“Ние цело време се трудиме патот на жените на пример за дијагноза на карцином од било каков тип биде по една забрзана трака, да пристапот на пацинетки во било која сосотјба да биде многу лесен да можат да дојдат до соодветен специјалист или супспецијалист. Точно е дека во одредени места во Македонија нема доволно матични гинеколози, меѓутоа нашиот систем остава голема слобода да вие можете да живеете во Oхрид, а да имете матичен гинеколог од друг град” – вели професорот д-р Глигор Тофоски.

„Најтажен е фактот дека дел од овие би можеле да бидат откриени многу порано и лекувани со едно редовно гинеколошки преглед. ​Особено е важно да допреме до младите девојки и до младата трудна популација. Да работиме заедно да редовните гинеколошки прегледи станат навика, а не посета само кога ќе има потреба, затоа што женското здравје не смее да чека“, кажа д-р Шабани.

Од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, по повод „Недела на женското здравје“,испратија силна порака – жените да не го одложуваат прегледот и да не одат на лекар дури кога проблемот ќе стане сериозен..Апелираат превенцијата,раната дијагноза и ХПВ вакцинацијата да станат навика, бидејќи токму тоа е најсилната заштита за женското здравје.