Реклама

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Македонија

Наставниците клучни за воспитување и безбедност, порача министерката Јаневска 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека иако досега е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека иако досега е направено многу за подобрување на безбедноста во училиштата, потребни се уште сериозни чекори. Таа најави дека дежурствата на наставниците во ходниците и училишните дворови ќе станат задолжителни.

– Подготвивме неколку прирачници и упатства, кои се дистрибуирани до самите училишта и до општините. Вчера веќе најавив дека ќе бидат задолжителни дежурствата на наставниците во училиштата како во ходниците така и во училишниот двор. Факт е дека тоа во некои училишта постои, но во голем број училишта сè уште не постои – рече министерката одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен-темелник на доградба на ОУ „Гоце Делчев“ во Аеродром.

Јаневска посочи дека во минатото наставниците ја вршеле оваа улога и тоа придонесувало за подобро воспитување на учениците за разлика од сегашната практика на ангажирање обезбедување, кое чини милиони денари. Воедно, нагласи дека улогата на наставниците мора да се зајакне.

Реклама

– Во минатото наставниците го правеа тоа и имаше подобро воспитување на децата отколку да ги трошиме парите на некој што не е вклучен во образовниот процес. Оние што се вклучени во образовниот процес – наставниците, стручната служба, но секако и родителите – треба да помогнат во воспитувањето на децата. А добро воспитани деца, всушност, обезбедуваат и добри, безбедни училишта. Ја зајакнуваме улогата на наставникот на секој можен начин бидејќи тие се клучни – како во образованието така и во воспитувањето. Но апелирам и до родителите: малку повеќе внимание и прифаќање на сугестиите од наставниците – рече Јаневска.

Напомена родителите да покажат повеќе внимание и почит кон нивните сугестии.  

– Некои од родителите, свесно или несвесно, не ги прифаќаат сугестиите на наставниците. Се докажува дека тоа е погрешно – малку повеќе почит кон наставниците и полека ќе се средат работите – посочи таа.