Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Народна банка: Економски раст од 3,5% во 2025 година и инфлација од 3,9%

Повисок економски раст, но и повисока инфлација. Народната банка излезе со најновите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисок економски раст, но и повисока инфлација. Народната банка излезе со најновите есенски економски проекции. Централната банка смета дека економијата ќе порасне за 3 и пол отсто, што е зголемување за 0,5п.п. споредено со пролетната проекција. Гувернерот Славески вели дека главен двигател на растот ќе бидат бруто инвестициите кои ќе се зголемат за 10,2%, предводени од инфраструктурните проекти, општинските вложувања, странските, но и инверстициите на домашните компании. Главните ризици доаѓаат однадвор односно нестабилните трговски односи на глобално ниво поради геополитичките тензии.

Народната банка предвидува дека инфлацијата ќе се зголеми за 3,9% што е за 0,9 пп повеќе отколку предвидените 3% во април. Инфлацијата ќе биде под влијание на цените на храната, при стабилна базична инфлација и стабилизирање на цените на енергенсите. На среден рок, Народната банка очекува нејзино намалување на нивоата до 2,5% догодина и 2% во 2027-ма, исто калку што изнесува моментално во Еврозоната.

Кредитната активност забележала силен раст во првите 9 месеци и ќе изнесува 11,6% до крајот на годинава. Зголемувањето на депозитите, пак, ќе изнесува 9 и пол проценти. Гувернерот посочува дека се води претпазлива фискална политика од страна на Владата и дека таа продолжува со фискална консолидација. Се додека буџетот се реализирал согласно планираното, гувернерот Славески вели дека тој поволно влијае врз макроекономските движења.