
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б. (28) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работни задачи“.
На 19.01.2025 година, во болницата во Тетово, пријавениот се однесувал агресивно и нападнал лекар кој бил зафатен со извршување на работни задачи.
