Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Нападнал лекар и полицајци додека му била укажувана медицинска помош во Битола

Битолското Основно јавно обвинителство отвори постапка против 28-годишен маж кој викендов физички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолското Основно јавно обвинителство отвори постапка против 28-годишен маж кој викендов физички нападнал лекар и двајца полицајци додека му била укажувана помош во казино, а потоа и во Клиничката болница во градот.

Осомничениот, како што соопштија од Јавното обвинителство, се гони за напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност, како и за кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според Обвинителството, инцидентот се случил во неделата на 29 јуни во казино во Битола, каде што осомничениот најпрвин нападнал доктор на Итната медицинска помош кој му укажувал лекарска помош. Тој го удрил докторот со тупаница, нанесувајќи му телесна повреда.

Реклама

Во соопштението не е наведено од кои причини на 28-годишникот му била потребна лекарска помош, но по укажаната медицинска интервенција во казиното, тој бил пренесен во Клиничката болница во градот каде што продолжил да дава отпор и одбивал да биде третиран, поради што била повикана полициска асистенција.

„Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќепати и им се заканувал“, се наведува во соопштението од Обвинителството.