Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Најавите за инвестициски бум тежок 6 милијарди евра ги радува стопанствениците

Секоја најава за нови инвестиции е добредојдена за бизнисот, но вложувањата треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја најава за нови инвестиции е добредојдена за бизнисот, но вложувањата треба и да се реализираат. Стопанствениците ја поздравуваат најавата на премиерот Мицкоски за преговори за инвестиции вредни 5 до 6 милијарди евра кои достигнуваат до 40% од БДП. Оптимисти се дека ќе се направат локални, регионални и експресни патишта, со што ќе се покрене градежниот сектор – она што е долгогодишно барање на стопанските комори. Сепак, бараат сите овие најавени вложувања да се спроведат што е можно побрзо.

„Се надеваме Владата ќе биде посериозна и дека ќе ги реализира овие проекти кои се долгорочни. Сепак, инфраструктурниот дел не се одвива брзо и требаат години. Засега не знаеме дали Владата има предвидено за колку години се овие 5-6 милијарди евра. Значи може да се најави дека ќе има инвестиција, а да трае 20 години. Или пак има некој одреден рок кој веројатно ќе биде пократок за да се заврши овој важен инфраструктурен дел“ – вели Менди Ќира – Стопанска комора на северозападна Македонија.

Бизнисмените сметаат дека градежната оператива на Македонија има капацитет да спроведе големи инфраструктурни проекти. Бараат компаниите од овој сектор да бидат изведувачи и подизведувачи за изградба на патиштата, болниците, пругата, енергетските капацитети. Тоа не само што ќе ја подобри финансиската кондиција во градежништвото, туку и ќе ги покрене останатите стопански гранки поврзани со него, а во крајна мера ќе придонесе за економски развој. Особено бараат конечно да започне изградбата на брзата пруга за да се олесни и поевтини транспортот на стоки, а со тоа и да се намалат трошоците на компаниите.

Реклама

„Компанииите кои се придружуваат на овие компании кои се странски нвестиции се во секундарниот дел, значи се активни и профитираат во тој дел. Воопшто целото стопанство, особено градежништвото добива од таквите инвестиции, не само во реализација, изведувањето на овие проекти, туку и поевтин транспорт на роба“ – рече Менди Ќира – Стопанска комора на северозападна Македонија.

Премиерот Мицкоски најави дека ќе се инвестира во патна инфраструктура во вкупна вредност од половина до една милијарда евра. Вложувањето, пак, во брзата пруга долж Коридорот 10 кадешто возовите треба да се движат со 160 километри на час ќе чини 2,5 милијарди евра. Дел од проектите се оние во здравствениот сектор: Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево и реконструкција на Клиничката болница Тетово. По посетата на Обединетите Арапски Емирати, Мицкоски очекува вложувања оттаму помеѓу две до три милијарда евра. Се разговарало за проекти во Охрид, ски центарот Попова Шапка, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и нови соларни и ветерни централи. Премиерот рече дека повеќе детали околу проектите ќе открие по два месеци и дека сето ова ќе биде искомуницирано со стопанските комори, за да се координираат капацитетите на македонските компании.