Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Награди за македонски фирми на 56-от новосадски Саем на туризмот

Добитници од државава на награди на 56-от Меѓународен саем за туризам во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добитници од државава на награди на 56-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад:

Пехар на Саемот во Нови Сад – MЕРАКЗИ, Скопје, Македонија, за неговиот придонес во развојот на туризмот преку дигитална платформа.

ВАИКИКИ ТРАВЕЛ, Скопје – Македонија – пехар на Новосадскиот саем освоен за извонредност во организацијата и развојот на туризмот преку туристички аранжмани.

КАЛДРМА, Скопје, Македонија – пехар за својот придонес во развојот на туризмот преку концептот на разновидни барови.

Реклама

РЕСТОРАН ДИОН, Скопје, Македонија, пехар за исклучителниот квалитет на ресторанските услуги.

ХОТЕЛ БУШИ РИЗОРТ, Скопје, Македонија, за нивниот придонес во подобрувањето на квалитетната туристичка понуда на Македонија.

РЕСТОРАН ЈАВОР МРЗЕНЦИ – ПЕРО, Скопје, Македонија, пехар за 50 години традиција и придонес во развојот на македонскиот туризам.

ДЕБАРСКИ БАЊИ – ЦАПА, Дебар, Македонија, пехар за својот целокупен придонес во развојот на спа и медицински туризам

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ЖАН МИТРЕВ, од Скопје, Македонија, за нивниот придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам.

БЛИС ПАЛАС ХОТЕЛ & СПА, од Скопје, Македонија – пехар за највисоките стандарди во хотелската индустрија.

ОПШТИНА ОХРИД, го освои пехарот од саемот во Нови Сад за перспектива и јасна визија за развојот на градот Охрид – како привлечна туристичка понуда на Македонија.

АУРОРА РИЗОРТ & СПА, Берово – за придонес во развојот на планинскиот туризам во Македонија.

КОМПЛЕКСОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО, Скопје, за значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на историското и културното наследство на Македонија.

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ, Скопје е награден за неговиот целокупен придонес во образованието и развојот на туристичкиот сектор преку примена на научен пристап.

РЕСТОРАН СТАРА КУЌА, Скопје, пехар за комбинацијата од гостопримство и зачувување на културните вредности на Македонија.

ХОТЕЛ ХОЛИДЕЈ ИН, Скопје – за целокупниот придонес кон квалитетот и развојот на туристичката индустрија.

Околу 250 излагачи од 10 земји – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Унгарија, Романија, Македонија, Грција и Русија – се на Новосадскиот саем за туризам. Држава партнер е Македонија.