Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Наградени најактивните читателки во Делчево во пресрет на 8 Март

Во пресрет на Меѓународен ден на жената – 8 Март, Јавната локална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Меѓународен ден на жената – 8 Март, Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево традиционално ги награди своите најактивни читателки, одбележувајќи ја улогата на жените во промоцијата на културата на читање.

Како што информираа од библиотеката, жените и понатаму доминираат меѓу членството, а по тој повод секоја година се избираат и се наградуваат читателки кои во текот на годината покажале континуитет и голема љубов кон книгата.

Во рамки на годинашното одбележување, библиотеката избра три редовни читателки кои беа гости на установата и добија симболични подароци – цвеќе и книга. Наградени се: Марија Илиевска, Тања Лазаревска и Роза Дамјановска.

Реклама

Од библиотеката изразија надеж дека наградените читателки и понатаму ќе останат редовни посетители и пример за љубовта кон читањето, потенцирајќи дека книгата има посебна моќ да инспирира и да поттикнува личен развој.

– Жената што чита никогаш не старее, таа постојано расте, порачуваат од библиотеката, истакнувајќи ја важноста на читањето како навика која ја збогатува личноста и општеството.