Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Награда „Гоцева мисла“ за 2026 за Зорица Митровиќ и за Петре Димовски

Зорица Митровиќ од Србија и Петре Димовски од Македонија се годинешни добитници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зорица Митровиќ од Србија и Петре Димовски од Македонија се годинешни добитници на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“. 

Оваа награда се доделува традиционално по повод 4 февруари – роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев и во чест на неговата мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Наградата „Гоцева мисла“ е високо признание, кое се доделува на личности што со својот творечки, културен и интелектуален ангажман значајно придонесуваат за афирмацијата на македонската култура, литература и духовни вредности во меѓународни рамки, како и за унапредување на културниот дијалог меѓу народите.

Наградата на Зорица Митровиќ ѝ се доделува за личниот придонес и животното дело во афирмацијата на македонската култура и идентитет во дијаспората. 

Реклама

– Како претседателка на Здружението на Македонците „Македониум“ од Белград, Зорица Митровиќ одигра клучна улога во градењето на Здружението како современа и активна културна платформа, која покрај организацијата традиционални манифестации, реализација на литературни, музички и уметнички проекти, активно придонесува за креативниот развој и меѓукултурната соработка помеѓу културните фактори и институции во регионален и меѓународен контекст. Таа денес е претседател на Националниот совет на Македонците во Србија. Нејзиното институционално раководство и нејзиниот личен ангажман и визија се одликуваат со доследност, организираност и поширок општествен одѕив, а нејзиното дејствување е пример за постојана посветеност на културното јадро на македонската заедница во дијаспората. Нејзиниот ангажман претставува редок пример на долгорочна, систематска и визионерска работа во полза на македонската заедница, но и на поширокото мултикултурно и мултијазично општество – се наведува во соопштението од  „Македонија презент“. 

На Петре Димовски наградата му се доделува за исклучителното книжевно творештво и животното дело во македонската литература, кое, како што се наведува, остава трајна трага во македонската културна историја.

Димовски е автор на повеќе од педесет дела – меѓу кои 21 роман, 17 збирки раскази и седум драмски и монодрамски дела. Тој со својот книжевен стил, тематска длабочина и континуирана творечка енергија го збогатува македонскиот книжевен канон. Неговата книжевна продукција е предмет на анализи, студии и обработки, а тој е овенчан со бројни награди и признанија, меѓу кои се: „Стале Попов“, „Ванчо Николески“, „4 Ноември“, „Прозни мајстори“, „Живко Чинго“, „Тренд“, „Вермилион“, „Крсте Чачански“ и други. Воедно, значаен е неговиот културен придонес како основач, уредник и организатор на книжевни иницијативи во Битола и поширокиот регион.

– Со овие доделувања наградата „Гоцева мисла“, која веќе ги има наградувано многуте истакнати личности од медиумите, културата и книжевноста, ја потврдува својата улога како едно од позначајните признанија за афирмирање и унапредување на македонската мисла, јазик, писмо, култура и уметност во современиот глобален контекст – стои во соопштението.

Досега меѓу добитниците на наградата „Гоцева мисла“ се многубројни истакнати автори, преведувачи, уметници и културни работници од разни земји, меѓу кои се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Франција), Зафир Хаџиманов (Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина), Олга Лалиќ – Кровицка (Полска), Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија), Ана Багрјана (Украина), Ристо Лазаров (Македонија), Ненад Шапоња (Србија), Родољуб Ќориќ (Црна Гора), Јон Деаконеску (Романија), Зоран Пејковски (Македонија), Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и други истакнати културни фигури од Балканот, Европа и пошироко.