Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Надојдената прилепска Градска Река го „однесе“ фамозниот мост во изградба, вреден фрапантни 730.000 евра

Фамозниот мост во изградба, долг нецели дваесетина метри, а вреден импозантни 730…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фамозниот мост во изградба, долг нецели дваесетина метри, а вреден импозантни 730 илјади евра, надојдената прилепска Градска Река, го „однесе“.  На местото од градилиштето, поројниот дожд остави огромна дупка полна со вода и секаков вид на ѓубриште, а надојдената река, која инаку многу ретко е полноводна, освен во случај на поројни дождови, со себе однесла се’ што и’ се нашло на патот, вклучително и на делови од штотуку поставената бетонска арматура, како и безбедносниот насип заедно со времениот импровизираниот мост.

Денешната слика од овој мост, кој најверојатно е еден од најскапите мостови во земјава, наликува на сцена за хорор филм. Вознемирените и крајно изреволтирани жители од околните населби, стравувајќи за својата безбедност, вината за новонастанатата состојба ја лоцираат во локалната власт.

Од ЛС пак, согледувајќи ја сериозноста на проблемот, но и притиснати од бурните реакции на граѓаните, експресно донесоа одлука во наредните 60 дена да го забранат сообраќајот на улицата која водеше преку сега веќе непостоечкиот импровизиран мост и која се наоѓа во индустриската зона на градот.

Реклама
  • „После завршувањето на градежните активности на новиот мост, улицата повторно ќе биде ставена во функција, за што граѓаните ќе бидат навремено известени“, стои во соопштението од Општината.

На ова, утринава реагираа и до ОК на ВМРО-ДПМНЕ од каде локалната власт ја обвинија за пустошење и перење на народните пари.

Инаку, иако реконструкцијата на овој мост беше проект уште на претходната локална власт, сега актуелната власт, во предизборието си го најавуваше како еден од своите најзначајни капитални проекти. Со реализација се започна во јули, минатата година, со најава дека мостот ќе биде готов за три месеци, што не се случи. Оттогаш досега има три пролонгирања. Последното е за до септември, но со оглед на новонастанатите околности, повеќе од јасно е дека и тој рок ќе биде невозможна мисија.

Каролина Дурло