Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста тема во медиумите во Грција, кои објавуваат податоци, фотографии, но и видео од колоните возила што се упатуваат кон некоја од туристичките дестинации во северниот дел на земјата.

„Километарски колони и доцнења на Евзони“ – е најчестиот наслов во грчките медиуми о изминатите денови, а во текот на викендот на дел од телевизиите имаше и директни вклучувања од граничните премини.

Реклама

Државната телевизија ЕРТ објави дека само денеска до пладне на влез во Грција биле регистрирани 16.500 лица, додека 8.500 лица ја напуштиле земјата.

– Показател за обемот на сообраќајот на граничниот премин Евзони е податокот дека само во изминатите три дена (7, 8 и 9 август) во земјата влегле 62.000 лица, а ја напуштиле 55.000 лица, а од почетокот на летото во Грција влегле 1.100.000 посетители, додека земјата ја напуштиле 940.000 посетители, објави ЕРТ.

Поконкретно, во јули годинава преку граничниот премин Евзони во Грција влегле 632.000 патници и излегле 554.000, а во јуни при влез во земјата биле регистрирани 468.000, а Грција на напуштиле 387.000 туристи.

Дел од грчките медиуми анализираат и како целата ситуација со доцнењата на граничните премини се одразува и врз туризмот во северна Грција, односно на Халкидики и областа Пиерија што се омилените дестинации на туристите од Балканот.

Претседателот на Здружението на хотелиери на Пиерија и потпретседател на Федерацијата на хотелиери на Грција Ираклис Цитлакидис, за грчката телевизија „Скај“ утрово посочи дека доцнењата за влез во Грција влијаат негативно и за оние кои доаѓаат секоја година, бидејќи тоа „би можело да делува како одвраќачки фактор.“

– Непријатно е кога посетителите се принудени да чекаат со часови на граница и првата слика што ја добиваат е негативна, факт што директно влијае како на туристичкото искуство така и на конкурентноста на регионот, објасни Цитлакидис.

Додаде дека предлагаат и бараат зајакнување на персоналот на граничните премини особено во периоди на зголемен сообраќај, зголемување на отворени контролните точки и зголемување на соработката со соседните гранични служби.

На истата тема, со акцентот на туризмот во областа Пиерија, Цитлакидис за „Нафтемборики“ објасни дека во најдобар случај, сезоната ќе ја завршат со приходи на исто ниво како лани.

За минатиот месец, во однос на резервациите посочува дека бил „солиден“, а за првата половина на август исполнетоста е околу 80 отсто.

На Халкидики, според претседателот на Здружението на хотелиери и на Туристичката организација на Халкидики, Григорис Тасиос, сезоната ќе заврши со намалени приходи и пристигнувања споредено со лани.

Исто така за „Нафтемборики“, Тасиос посочува дека „2026 година е година на резервации во последен момент, а вистинските резултати ќе се видат на крајот од сезоната“.

Доцнења и колони, повремено се регистрираат и на граничниот премин Кипи во североисточна Грција, на копнената граница со Турција.

На почетокот на летото, новиот систем на ЕУ за биометриска регистрација на патници од трети земји, дава можност на одредени гранични премини и во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци се до 6 септември годинава.

Нешто што веќе се преименува на Евзони, односно регистрацијата во системот се спроведува регуларно, но без фотографирање и земање отпечатоци.