Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Над четири илјади посетители во Вински музеј Кавадарци во 2025 година

Над четири илјади посетители го посетија Вински музеј Кавадарци во 2025 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над четири илјади посетители го посетија Вински музеј Кавадарци во 2025 година, ова е рекорд во петгодишното постоење. Директорката на Винскиот музеј Кавадарци, Елизабета Ристова во изјава за МИА вели дека расте бројот на заинтересирани лица од земјава и странство, кои сакаат да ги видат музејските експонати и да се запознаат со вековната традиција во лозаровинарството, во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. 

– Вљубениците во лозарската традиција и сите оние кои сакаат да слушнат нешто повеќе за историјата, традицијата и културата на ова поднебје, го имаат Вински музеј како задолжителна дестинација. Тие се воодушевени од сите предмети што зборуваат за минатото на лозаровинарството во Тиквешијата. Особено внимание привлекува стариот дрвен првобитен фрижидер, во кој своевремено се собирал лед од таканаречените ледари и се чувал во време кога немало модерни фрижидери како денешните, нагласи Ристова. 

Таа подвлече дека како општинска установа, секогаш ја имаат поддршката од локалната самоуправа. 

Реклама

Меѓу другото, музејот е и на агендата на туристите со коњи, кои транзитираат низ земјава, со цел да се запознаат со македонските убавини. 

Вински музеј е сместен во градскиот парк во Кавадарци, еден од најубавите во државата.