Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Над 600 илјади денари инвестирани во подобрување на условите во делчевската детска градинка

Подобрување на условите за престој и работа на децата, обновување на опремата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување на условите за престој и работа на децата, обновување на опремата и мебелот, набавка на дидактички средства и уредување на просторот се дел од инвестициите реализирани во изминатиот период во делчевската детска градинка. За овие намени, од сопствени средства на установата во последните месеци се инвестирани повеќе од 600 илјади денари.

Во градинката во моментов престојуваат околу 280 деца, а паралелно со инвестициите во опремата и условите, се реализираат и низа активности насочени кон збогатување на секојдневниот престој на најмладите.

Во дворот на градинката е уредено и есенско катче со бали слама и разновидни есенски плодови, додека шахтите во дворот се украсени со шарени мотиви. На овој начин, просторот е збогатен со содржини кои ја поттикнуваат детската љубопитност и овозможуваат учење преку игра и непосредно запознавање со есента.

Реклама

Директорката на детската градинка, Виолета Гиздовска, информира дека со сопствени средства е набавен нов инвентар, меѓу кој и детски креветчиња и душеци, обновени се теписоните во занималните, а набавен е и мебел за работата на логопедот и за канцеларијата.

– Изминатиов период инвестиравме сопствени средства во набавка на инвентар, како нови креветчиња и душеци, обновени се теписоните во занималните, набавен е мебел за работа на логопедот и во канцеларијата, а деновиве треба да пристигнат и нови детски шкафчиња. Наскоро започнуваме и со обновување на светилките во градинката и нивна замена со штедливи ЛЕД-светилки, како и со набавка на нови постелнини, посочи Гиздовска.

Таа најави и санација на дел од оштетениот покрив на објектот.

Гиздовска истакна дека установата добива поддршка и преку донации од општествено одговорни компании и физички лица, кои обезбедуваат различни средства и опрема потребни за работата на градинката.

Како пример ја посочи и донацијата од сограѓанин кој подготвува веб-страница за градинката, преку која ќе се објавуваат информации од јавен карактер, новости и активности на установата.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, при посетата на градинката упати благодарност до вработените, родителите, општествено одговорните компании и сите сограѓани кои придонесуваат за подобрување на условите за децата.

– Денес видовме една убава есенска приказна, но зад неа има и многу работа, посветеност и инвестиции. Особено радува што во градинката континуирано се вложува во нова опрема, мебел, дидактички средства и подобри услови за престој на дечињата. Како Општина, ќе продолжиме да ја поддржуваме градинката и да создаваме услови нашите деца да го имаат она што го заслужуваат, истакна Гоцевски.

Тој додаде дека вложувањето во подобри услови за најмладите претставува вложување во иднината на Делчево.