Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година во согласност со важечката методологија за формирање на цените.

– Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи – појаснува министерот за здравство Азир Алиу во пишана изјава.

Врз основа на анализите и преговорите, утврдени биле намалувања на максималните цени кај лековите кај што постојат соодветни пазарни показатели.

Реклама

– На веб-страницата на Министерството се објавени одлуките со новите намалени максимални цени, при што намалување е постигнато кај 156 оригинаторни лека, 174 генерички лека и 13 од интервентен увоз – се додава во соопштението.

Како што е најавено, новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 мај годинава по периодот во кој фармацевтските компании ќе ги усогласат цените во прометот на големо и мало.

– Особено го издвојуваме намалувањето на цената на лекот „ксарелто“ („ривароксабан“), кој се користи во третман на кардиоваскуларни заболувања. Кај овој лек е постигнато значително намалување на цената во прометот на големо: за таблетите од 15 и 20 милиграми – од 2.307,48 денари на 1.606,10 денари, за таблетите од 10 милиграми – од 824,10 денари на 589,45 денари – се додава во соопштението.

Според министерот Алиу, со оваа мерка се овозможува поголема достапност на терапијата за пациентите, особено имајќи предвид дека станува збор за лек што често се набавувал од странство поради пониски цени.

Министерството за здравство информира дека овој лек е приоритет за вклучување на позитивната листа за примарна здравствена заштита во текот на 2026 година.

– Предлогот е веќе доставен до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, со што се очекува дополнително олеснување на трошоците за пациентите преку утврден надомест од државата, а пациентот ќе имаат право на избор на лек од друг производител. Министерството за здравство останува посветено на креирање политики што обезбедуваат квалитетна, достапна и одржлива здравствена заштита за сите граѓани – се нагласува во соопштението.