Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравството

Инвестиција од над 200 милиони евра во здравството – најави премиерот Хирстијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиција од над 200 милиони евра во здравството – најави премиерот Хирстијан Мицкоски. Тој откри дека првата фаза од британскиот договор наскоро ќе започне и ќе донесе неколку крупни проекти, и тоа изградба на нови болници, реконструкции на здравствени установи но и нова зграда на Медицински факултет со нов студентски дом. Мицкоски најави дека ќе има пари и за нов Клинички центар.Сите проекти ќе се реалзиираат по сличен модел како финансирање на пругата.

Министерството за здравство, треба да се обрати до Министерството за финансии со барање за распишување тендер преку кој финансиски институции и банки ќе изразат подготвеност да го финансираат проектот.Најдобрите услови, што ќе бидат понудени, ќе ги прифатиме и ќе ги одбереме.Владата веќе располага со финансиска рамка за да започне и втората фаза, која вклучува изградба на долго најавуваниот голем Клинички центар во Скопје” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Освен напредокот и инвестициите во здравсвото, премиерот најави дека државата ќе продолжи да вложува и во туризмот во Македонија. Доказ за тоа е порастот во туризмот од преку 20 проценти во последните четири месеци, според Мицкоски тоа има позитивен ефект врз државниот бруто домашен производ и  стопанството на земјата. Тој очекува уште поголемо засилување и проширување на туризмот во наредниот период, што би резултирало со поголем број туристи и остварени ноќевања.

Реклама

Разговараме со други туроператори и очекуваме повторно двоцифрен раст на туризмот. Тоа влијае и на БДП и на економскиот раст на државата. Обидот директно да преговараме со туроператори е успешен 40 илјади туристи од Западна Европа веќе престојуваат тука, во вкупен број зборувам. Тоа се околку 160 илјади ноќевања, надвор од сезона кога зборуваме за Охрид во другиот дел од државата цела година е сезоната. Следната година очекуваме надвор од сезоната половина милион ноќевања.”, изјави Мицкоски.

Според статистиката, минатата година во земјата имало 1,2 милиони туристи, а за годинава се очекуваат до 1,5 милиони. Минатата година биле регистрирани 3,5 милиони ноќевања, а годинава се очекуваат најмалку до 4 милиони престои.