Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Националната стратегија за спречување на корупцијата доставена до Собранието, фокусот е на пет области

Правосудството, здравството, урбанизамот, животната средина и енергетиката и транспортот се петте сектори на кои е фокусирана петгодишната Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2016-2030 година што денеска претседателот на Антикорупциска Адем Чучуљ ја достави до претседателот на Собранието Африм Гаши. Националната стратегија опфаќа и две хоризонтални области – јавни набавки и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правосудството, здравството, урбанизамот, животната средина и енергетиката и транспортот се петте сектори на кои е фокусирана петгодишната Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2016-2030 година што денеска претседателот на Антикорупциска Адем Чучуљ ја достави до претседателот на Собранието Африм Гаши. Националната стратегија опфаќа и две хоризонтални области – јавни набавки и надзор над спроведувањето на законите.

– Иако самата проценка опфати повеќе области, се фокусиравме на овие пет за кои сметаме дека во наредниот петгодишен период, доколку се имплементираат, ќе имаат значаен ефект врз развојот на општеството и намалувањето на корупцијата, изјави Чучуљ по средбата со претседателот на Собранието. 

Фискалната проценка за нејзина имплементација, која е направена со експертска помош, би чинела 3,5 милиони евра, што според ДКСК, е мал износ што треба да го издвои државата во однос на она што ќе го добие доколку се имплементира. 

Реклама

– Иако до институциите кои се надлежни за имплементација, побаравме да направат проценка од нивна страна, во најголем број случаи не добивме таква проценка, и со експертска помош направивме проценка која чини околу 3,5 мииони евра што според нас е малку во однос на она што би се добило со имплементација на стратегијата, рече Чучуљ.  

Стратегијата, како што рече, е изработена во инклузивен процес и со учество на голем број институции, експерти, медиуми, невладини организации. 

– Очекуваме Собранието во најкус можен рој да ја разгледа и усвои и сите да се заложиме за нејзино имплементирање, порача Чучуљ. 

Најави дека до Владата имаат доставено и законски измени со кои се предвидени дополнителни механизми за проверка и санкционирање на имотната состојба на функционерите.

Претседателот на Собранието се заложи дека согласно процедурите ќе биде процесуирана Националната стратегија. 

– Јас веднаш ќе ја доставам до пратениците и се надевам дека во најбрз можен рок согласно деловникот ќе биде на пленарна седница и ќе биде усвоена. Се надеваме на имплементација која зависи од сите фактори во државата, изјави Гаши по средбата.