Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Македонија

– Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план за еколошка правда.

Главна тема на настанот ќе биде „Како правосудниот систем може поефикасно да одговори на растечките предизвици што ги носат климатските промени и деградацијата на животната средина?“.

Како што соопштија организаторите, воведни обраќања ќе имаат министерот за правда Игор Филков, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер, јавниот обвинител Љупчо Коцевски и Џемали Саити, Судија во Врховниот суд.

Реклама

-Пред овој настан, во периодот од септември до ноември 2025 година беа одржани неколку средби на работни групи во Скопје каде учестваа клучни актери од правосудниот сектор и животна средина. Овие дискусии беа насочени кон зајакнување на докажувањето, унапредување на пристапот до правна помош, зголемување на транспарентноста при постапување по еколошки кривични дела и подобрување на меѓуинституционалната соработка. Како резултат на тоа, националните чинители, со експертска поддршка инспирирана од извештајот на француската инспекторат „Правда за животната средина“, изработија нацрт Акциски план за еколошка правда во Северна Македонија. Тригодишниот Акциски план ќе биде разгледан и формално одобрен за време на Националната тркалезна маса, а неговата имплементација ќе продолжи во наредните години, стои во соопштението на организаторот на настанот.

Тркалезната маса се организира во соработка со Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамки на регионалната иницијатива КЕП Конвергенција што ја спроведува Expertise France со поддршка на Француската агенција за развој (AFD).