Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Началникот на ГШ на Армијата се сретна со заменик-претседавачот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамки на работната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамки на работната посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, вчера оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони.

На средбата која се реализира во Пентагон, Вашингтон, се потврди тридецениското партнерство и соработка помеѓу двете Армии. Во оваа прилика, генералот Лафчиски ја нагласи цврстата посветеност на Армијата кон регионалната и светската безбедност преку учеството на припадниците од Армијата во мировни операции и НАТО активности, потенцирајќи го македонското учество во „Forward Land Forces“ во Република Бугарија, Романија и Република Летонија.

-Во продолжение на средбата, генералот Лафчиски го информираше генералот Махони за најголемиот процес на модернизација во историјата на Армијата, вклучувајќи го опремувањето со ново набавените лесни оклопни возила STRAYKER и JLTV, современи хаубици и останато современо вооружување и опрема. Беше истакната и претстојната вежба „Блесок 26“ како врвен национален приоритет, со која треба да се оцени борбена готовност на Лесната пешадиска баталјонска група, соопшти Министерството за одбрана.

Реклама

Во оваа прилика, се вели во соопштението, беше нагласена и важноста на Армиски полигон „Криволак“, како стратешки капацитет, кој овозможува обука од големи размери. При ова беше истакната можност за развојот на овој полигонот преку унапредување на инфраструктурата, модернизација и обезбедување услови за проширување на неговите можности за обука и вежби.

Во рамките на средбата се дискутираше и за моменталните предизвици и закани на светско ниво, со посебен осврт на влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, потребата за континуирана адаптација на капацитетите на Армијата и зајакнување на регионалната и меѓународната соработка за справување со современите закани.