Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Началникот на Генералштабот ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе учествува на редовната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе учествува на редовната годишна конференција на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови која ќе се одржи од 26 до 27 септември 2025 година во Рига, Република Летонија.

Како што информира Генералштабот на Армијата, на конференцијата со која ќе претседава претседателот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а на која ќе присуствуваат и врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (Supreme Allied Commander Europe – SACEUR), генерал Алексис Гринкович и врховниот командант за трансформација (Supreme Allied Commander Transformation – SACT)), адмирал Пјер Вандер (Pierre Vandier), ќе се дискутира за актуелните безбедносни предизвици, операциите, мисиите и интероперабилноста на НАТО силите.

Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во сојузничка земја членка во рамки на конференција. Воениот комитет на НАТО претставува значајна врска помеѓу процесот на донесување на политичка одлука и интегрираната воена структура на Алијансата.