Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

🎥 Набавката на 100 нови амбулантни возила е добра вест за лекарите и граѓаните

Силната инекција за здравството од сто нови , модерно опремени амбулантни возила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силната инекција за здравството од сто нови , модерно опремени амбулантни возила ќе биде од голем бенефит за пациентите и здравствените работници – лекарите ја поздравија одлуката на Владата за набавка на нови возила кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум цела држава. Приоритет ќе бидат здравствените домови кои покриваат поголем број на население, а имаат недостиг на медицински комбиња.

Оваа набавка би била најголема досега, со оглед дека возниот парк во здравствените установи со години наликува на ‘крпен живот’ – амортизирани возила, чести дефекти, крпења, поправки, а ретко подновување со нови.

Од Итната медицинска помош во Скопје се надеваат дека ќе добијат голем дел од возилата.

Реклама

Освен техничката освежување на Итната помош, се засилува и медицискиот персонал. Примени се нови доктори и медицински сестри, а бројот на тимови ќе се зголеми со добивањето и на новите амбулантни возила.

Возниот парк на здравствените установи изминативе десетина години најмногу се обновуваше преку донации.

Последен пат јавните здравствени установи во Македонија  добија 25 нови амбулантни возила во 2020 година. Од нив 12 беа за Итна помош, шест беа распределени во Скопје, а другите шест во здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар, што беше само капка во морето од потреби. 13 возила беа наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје.