Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

„На ваков начин се гради државата“, Мицкоски за Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Обединетото Кралство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Обединетото Кралство ќе биде потпишан денеска во Лондон. Премиерот Христијан Мицкокси денеска истакна дека по потпишувањето ќе дојде во парламент пред пратениците, ништо нема да се злоупотреби.

-Дел од проектот е изградба на пруга која ќе ги поврзе Табановце со Гевгелија, реконструкција и модернизација на истата, завршување на Клиничкиот центар во Штип заедно со зграда за Медицински факултет и студентски дом. Изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Тука не застануваме. Имаме уште најмалку 60 проценти од рамката која ни е на располагање. На ваков начин се гради државата, истакна Мицкоски.

Премиерот дециден во однос на прашањето за изградба на мигрантски кампови.

Реклама

-Таква работа кај нас ќе нема, рече тој.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас.

Посетата на британската престолнина Николоски кој предводи владината делегација во која се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

Договорот што ќе биде потпишан денеска, порано неделава беше усвоен од македонската Влада, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, кој се оценува како историски, е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни и претставува потврда за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски и економската соработка со Обединетото Кралство.