Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

На Универзитетот во Тетово се одржа шестата јавна дебата за новиот предлог-закон за високо образование

Државниот универзитет во Тетово беше домаќин на јавна дебата за новиот предлог-закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот универзитет во Тетово беше домаќин на јавна дебата за новиот предлог-закон за високо образование, на која присуствуваа и претставници на Универзитетот на Југоисточна Европа. Од Државниот универзитет посочија дека нивните професори од сите 13 факултети доставиле забелешки и мислења на нацрт-законот преку единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР.

Ректорот на Универзитетот во Тетово, Јусуф Зејнели, истакна и дека ректорската управа има добиено предлози од 13 наставни научни совети при овие 13 факултети.

– Забелешките се однесуваат на тоа дека наставниот кадар мисли оти се загрозува автономијата на Универзитетот. Второ, има голем број забелешки во насока на акредитација на докторските студии и, трето, што е многу важно, критериумите за избор во наставно-научно звање и тоа да биде во ниво на реалност бидејќи многу важно е да се признаваат и научните списанија кои се дел од нашите единици, односно нашите факултети. На пример, ние имаме 13 научни меѓународни списанија и многу важно и тие да се почитуваат кога професорите добиваат ново звање, да се бројат трудовите во нашите списанија – рече ректорот Зејнели.

Реклама

Ова е шеста јавна расправа што Министерството за образование и наука ја организира заедно со образовните установи.

Министерката Весна Јаневска рече дека оваа дебата со наставно-научниот кадар и од овој Универзитет, како и сите други што ги посетила, е со цел заеднички да придонесат за подобрување на текстот на законот.

Таа посочи дека законот нуди неколку важни елементи, кои ќе овозможат подобрување на квалитетот на образованието на студентите, кои ќе бидат подготвени со знаења, компетенции и вештини како идни членови на академската заедница и пазарот на труд. 

– Основните начела и политиките, кои се застапени во овој закон, се меритократија, мерливост на квалитет, интернационализација и соработка меѓу универзитетите, дополнително видливост на универзитетите, но и на професорскиот кадар како во земјата така и надвор од земјата, натпревар меѓу универзитетите во земјата и со оние релевантни надвор од земјата, и она што е најважно, што и јас последно го кажувам, но е најважно, нуди стекнување релевантни знаења на студентите и погодности за студирање во нашите универзитети – истакна Јаневска.

На новинарско прашања дали некои програми ќе се затворат, Јаневска рече дека за тоа универзитетите сами ќе одлучуваат.