Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Економија

На третина од работниците им доцнела платата во јуни

Речиси третина од работниците во земјава во јуни не добиле плата навреме.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси третина од работниците во земјава во јуни не добиле плата навреме. Според податоците на Управата за јавни приходи, 67% од 70 илајди компании во Македонија во јуни им поделиле плата во законскиот рок до 15-ти следниот месец на речиси 477 илјади работници. 13.455 фирми задоцниле со исплата на плата за 57.300 работници. 3534 компании  поднеле пресметки до УЈП, но пари н3е легнале на сметките на работниците, додека 5.633 фирми не поднеле МПИН обрасци за воопшто да исплатат плата. Поради ова, 18.464 работници останале со празни џебови, бидејќи се уште не ја примиле јунската плата. За јули, УЈП се уште нема објавено податоци.

Од расположливите информации, се гледа дека со месеци наназад нешто под третина од работниците добиваат плата на време, а 14% од вработените имаат примања со огромно доцнење

Од УЈП велат дека секогаш прво опоменуваат, пред да пристапат кон присилна наплата од компаниите.

Реклама

„Сите оние даночни обврзници кои не ја исполниле обврската во законскиот рок согласно, Управата за јавни приходи за поднесените а неплатени како и за неподнесените и неплатени МПИН пресметки доставува Опомени, по што  следува фазата на доставување на решенија за присилна наплата од парични средства кај носителите на платен промет“ – велат од УЈП.

Управата за јавни приходи ја зголеми транспарентноста во работењето. На интернет страницата на УЈП можат да се најдат детални податоци за исплатата на платите во земјава.

Во однос на исплатата на регрес за годишен одмор за 2024 година за кој обврската за исплата истекува до крајот на годинава,  досега 7.858 работодавачи исплатиле К-15  на 108.884 работници. За да примамат нови, но и да ги задржат постојните вработени, дел од фирмите веќе се пофалија дека годинава ќе исплаќаат К-15 над 40.000 денари.

Најмалиот износ на регрес за годишен одмор што треба да легне на сметките е околу 16.000 денари. Толку изнесуваат задолжителните 40 отсто од последната просечна тримесечна нето плата во Македонија. Таа изнесува  39.771 денари за периодот јануари-март годинава.

Лани регрес за годишен одмор ИСПЛАТИЛЕ НАД ПОЛОВИНА ОД ФИРМИТЕ ВО ЗЕМЈАВА, а надоместот го добиле околу 460 илјади работници

Синдикатот регистрира над 10.500 поплаки од вработени кои лани добиле нередовна плата, не примиле регрес, добиле понизок износ или пак реагирале на други кршења на правата од работен однос.