Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

На терен цените за литар дизел или бензин варираат од пумпа на пумпа, „Макпетрол“ продава по полна цена

Цените на горивата во Македонија варираат од пумпа до пумпа. Некаде се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на горивата во Македонија варираат од пумпа до пумпа. Некаде се точи гориво по максималните цени до 86,5 денари за литар бенизн или 92 денари за дизел. Но, кај други пак, истите горива се поевтини за околу 2 денари по литар, поради попустот кој што го даде најголемиот снабдувач ОКТА. И покрај зголемувањето на цените на горивата, од Регулаторна посочуваат дека трговците можат да имаат и помали цени од уврдените, пред се доколуку се откажат од максимналните маржи. Воедно, им се укажува на нафтените компании да ги намалат цените за два денари по литар, согласно договорениот попуст со Владата и главниот снабдувач ОКТА, со цел граѓаните директно да го почувствуваат олеснувањето…од Макпетрол алармираат дека од ОКТА до нив засега се уште нема официјално известување за пониски цени.

“И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до „Макпетрол“од страна на ОКТА не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании. Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во полна сума, односно без најавениот попуст” – велат од Макпетрол.

Од ОКТА демантираат и тврдат дека попустот веќе се применува и е наменет за сите компании.

Реклама

“Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена. Иницијативата е доброволна и им овозможува на трговците да ја пренесат придобивката на крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало, имаат целосна слобода самостојно да ги одредат своите продажни цени.” – велат од ОКТА.

Граѓаните пак, велат ваквите цени биле очекувани, но сепак ќе значат дополнителен удар врз домашниот буџет.Дел пак, се надеваат дека цената на нафтата ќе се намали.

По промените на цените од денеска, цената на бензинот достигнува највисоко ниво во последните речиси 2 години. Дизелот пак руши ценовен рекорд стар безмалку 3 ипол години по пиковите во ноември 2022 кога последен пат се беше над 90 денари за литар, откако летото истата година ја достигна највисоката цена од 110 денари. За само две недели, од стартот на кризата на Блискиот Исток дизелот поскапе за дури 21 денар а бенизнот скокна за 12.