Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

На штипскиот Земјоделски факултет меѓународно советување „Агро-наука и пракса 2026“

Експерти, универзитетски професори и студенти од Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Турција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експерти, универзитетски професори и студенти од Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Турција и нашата земја учествуваа на петтото меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Во фокусот беше поврзувањето на науката со практичното земјоделско производство во време на сериозни климатски предизвици. Деканката на Земјоделски факултет-Штип, Емилија Арсов рече дека на советувањето учествуваа и над 30 претставници од производниот сектор, кои ја претставија својата работа и искуства.

– Mладите се оние кои што се нашата иднина. За да имаме светла иднина потребно е сите заедно, вклучувајки ги и младите да се вклучиме во земјоделската пракса, се со цел да имаме подобро производство. Оваа година имаме повеќе од 30 учесници, кои што се од производниот сектор, кои што со штандови ја претставуваат својата работа, така што да им оддадеме особено внимание и на нив. Ние како факултет, но и како институција стоиме секогаш рамо до рамо со сите производители, се со цел да имаат поголема поддршка од наша страна-изјави Арсов.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски порача дека клучно е поврзувањето на науката со реалниот сектор при креирањето политики. Тој нагласи дека Министерството активно соработува со научните институции и дека младите се идните лидери во земјоделството.

Реклама

-Сакам да потенцирам дека за Министерството и Владата  многу е важен спојот помегу науката и реалниот сектор, затоа што секоја стратегија и документ мора да биде поткрепено со научни влијанија, затоа што на тој начин можеме да креаираме политики. Учеството мое на оваа денешна конференција е само уште еден показател дека Министерството има навистина соработка со сите научни институции од облчаста на земјоделството и тоа е многу важно- рече Трипуновски. 

Производителите велат дека ако државата малку повеќе помогне, работите ќе тргнат на подобро за сите. Според нив, треба и младите што излегуваат од факултет да бидат повеќе насочени кон земјоделството, за да има вистинска корист за домашните фирми.