Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

На прилепското семејство Алексоски итно му се потребни средства за пост-оперативна рехабилитација на нивниот 12-годишен син

12-годишниот Матеј Алексоски е дете со церебрална парализа. 12 болни и тешки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

12-годишниот Матеј Алексоски е дете со церебрална парализа. 12 болни и тешки години за неговите родители кои и без тоа, едвај вразуваат крај со крај во месецот, живеејќи како кираџии во стара и трошна куќа, бидејќи државата ги одбивала за социјален стан. Но, овие скромни луѓе, не се жалаат толку на лошите услови за живот, колку на маката што сега ја имаат со своето дете, откако врз него минатата недела билa извршена операција во соседна Србија. Заради беспарицата, тие не се во состојба да го однесат на задолжителната постоперативна рехабилитација во Негорски бањи, која опфаќа три третмани и чини по 1.000 евра од третман, а кои Фондот не ги одобрува, бидејќи детето било оперирано во друга земја. Очајните родители, немајќи друг излез, сега по втор пат бараат помош од хуманите луѓе, надевајќи се дека и овој пат ќе ги соберат потребните средства, исто како што се собрале и за операцијата во Србија.

Мајката на Матеј, која е решена по секоја цена, колку-толку да му го олесни животот на своето дете, има многу забелешки околу грижата на државата за овие деца.

Во оваа лична животна драма на семејството Алексоски, најмногу помош им пружило Здружението „Надеж за сите“, преку кое за само две недели биле собрани и средствата за операцијата на Матеј. И тие имаат бројни забелешки на работата на надлежните институции.

Реклама

Родителите на 12-годишниот Матеј, не’ испратија со силна надеж дека и овој пат хуманите луѓе несебично ќе помогнат за нивниот син да може да го продолжи лекувањето.

Каролина Дурло