Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

На Попова Шапка 34 сантиметри снег

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде се измерени – 3 степени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде се измерени – 3 степени Целзиусови, а таму има и снежна покривка со висина од 34 сантиметри. На останатите места во државава нема минусни температури.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Скопје -Петровец, Kрушево и Маврови Анови, се регистрирани  0 степени, 1 во Тетово и Лазарополе, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Струмица, 3 во Прилеп, Велес, Берово и Кавардарци, 4 во Охрид, Крива Паланка и Претор, 5 во Битола и Виница, 7 во Гевгелија, 8 во Штип, 9 во Демир Капија. 

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 12 литри на  квадратен метар,  по што следуваат со 10 Лазарополе и Пожаране, шест Пожар, пет Тетово, четири Kрушево, три Претор, Попова Шапка, два Битола, Охрид, Гевгелија, еден во Демир Капија, Кавадарци, Струмица, Берово, Прилеп.

Реклама

УХМР за денеска најави променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.