Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

На плоштадот Македонија се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари

На плоштадот Македонија денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На плоштадот Македонија денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување.

Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен.

Главната цел, како што потенцира, е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната култура кај граѓаните од сите возрасни групи.

Реклама

– Денешниот настан е централен. Во исто време одржуваме настани во Гостивар, Струга, Кичево, Гевгелија, Ваналдово, Куманово, Кратово, Виница и во други градови. Ова е почеток на кампања за летниот период. Потоа следуваат две-три последователни кампањи во оние општини во кои има најголема фреквенција на граѓани што одата на излети. Кампањи ќе се одржуваат и во други градови, особено во оние општини во кои има рурален дел – зеленило и шуми. Мора да има што повеќе кампањи, да се реализираат за спречување на пожарите во шумите. Целта на кампањата е да не се палат огнови на места на кои е најопасно и кои се потенцијални за настанување пожари – рече Плотников.

Потенцира дека фокусот на кампањата ќе биде ставен на заштитата на шумите и зелените површини во Скопје, вклучително и парк-шумите, парковите и туристичко-излетничките места во околината, како и спречување пожари што може да предизвикаат материјални штети.

Во рамките на кампањата ќе се делат едукативни летоци и постери, а во реализацијата ќе бидат вклучени и ученици од основните училишта во Скопје, кои ќе помогнат во информирањето на јавноста за превентивните мерки против пожари.