Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

На маратонот „DIBRA SUMMER RUN” најбрз Октај Беќири од Ростуше

Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026″ успешно е реализиран и маратонот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026″ успешно е реализиран и маратонот „DIBRA SUMMER RUN” на кој учествуваа стотина учесници од Дебар, Скопје, Ростуше и Тирана. 
 
Се трчаше на пет километри, а прв на целта стигна Октај Беќири од Ростуше. Неговиот брат Харис Беќири беше трет, додека втор на целта пристигна Блеранд Мулаи од Дебар.

 -Ова се мигови исполнети со енергија, спорт и емоции. Дебар уште еднаш покажа дека спортот обединува, инспирира и носи живот и позитивна енергија во нашиот град, рече градоначалникот Фисник Меља.

Тој изрази задоволство од успешно  завршената активност, која, како што нагласи, ги обедини граѓаните, љубителите на спортот и учесниците од сите возрасти, создавајќи посебна атмосфера низ улиците на Дебар.

Реклама

– Им благодариме на сите учесници, организатори, волонтери и на сите оние кои придонесоа за реализацијата на овој настан. Продолжуваме да создаваме активности кои му даваат на нашиот град повеќе живот, енергија и можности за сите, посочи Меља.  
 
Во рамки на истата манифестација „Дебарско лето 2026″ во тек се турнири во мал фудбал во Дебар и село Долно Косоврасти.