Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати – Ристоска отпадна од конкуренција

Од четворица кандидати за државен јавен обвинител за кои Советот на јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од четворица кандидати за државен јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и поранешната обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска, откри премиерот Мицкоски во интервју.

Владата сѐ уште го нема добиено записникот од Советот на јавни обвинители, па официјално ќе се произнесе откако ќе го добие. Со реакција се јави обвинителката Ристоска, која вели дека кога кандидат однапред се исклучува, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат и дека изборот мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност. Возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата одговорија – обвинителката Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за позицијата државен јавен обвинител и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во Специјалното јавно обвинителство каде таа беше десна рака на Катица Јанева, тоа овој пат не е случај. „Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност и одговорност“, се наведува во партиското соопштение.